Преку оваа платформа граѓаните и вработените имаат можност брзо и едноставно да пријават случаи, прашуваат и бараат информации кои се јавни од различна област.
Вашата пријава е важна за навремено откривање, спречување и санкционирање на евентуални неправилности.
Категории:
Поставување на прашање – контакт кој служи за насочување на корисникот.
Барање на информација – контакт кој вклучува барање на информација која е од јавен карактер.
Внатрешна контрола – пријави поврзани со постапките, работата и однесувањето на вработените во АНБ.
Безбедност – пријави за закани, сомнителни активности или ризици што можат да ја загрозат националната или јавната безбедност.
Информации – доставување на корисни сознанија и податоци што можат да помогнат во работењето на Агенцијата.
Сите пријави, барања и прашања се третираат со највисоко ниво на доверливост и заштита на податоците на подносителот.
КОНТАКТ
…Видови на пријава
ПРИЈАВА ЗА ВНАТРЕШНА КОНТРОЛА
Пријави поврзани со работењето, однесувањето и постапките на вработените во АНБ.
Доколку забележите злоупотреби, несоодветно постапување или прекршување на правилата и процедурите, овде можете безбедно да ги доставите вашите сознанија.
Секоја пријава се разгледува од страна на Одделот за внатрешна контрола со цел утврдување на одговорност и преземање соодветни мерки.
ПРИЈАВА ЗА ЗАКАНА ИЛИ СОМНЕЖ
Пријавување закани, ризици или сомнителни активности што можат да ја нарушат националната или јавната безбедност.
Вашите информации може да бидат клучни за навремено спречување на можни инциденти, загрозување на граѓаните или интересите на државата.
Пријавите за безбедност се обработуваат итно и со посебно внимание од надлежните сектори на АНБ.
Споделување на информација
Доколку поседувате сознанија или податоци што можат да помогнат во остварувањето на мисијата на АНБ, овде можете да ги доставите.
Станува збор за информации што може да придонесат за подобрување на работата, истражувања или превенција во областа на безбедноста.
Секој податок што ќе го споделите се третира доверливо и се користи исклучиво за службени цели.
