ПРИЧИНА
Агенцијата за национална безбедност (АНБ) е самостојна и професионална институција, основана со цел заштита на уставниот поредок, националната безбедност и интересите на Република Северна Македонија.
Основана во 2019 година, АНБ претставува логичен чекор во процесот на реформа на безбедносниот систем, усогласен со европските и евроатлантските стандарди. Надлежностите ѝ се пренесени од претходната безбедносна служба – Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), која постоеше во рамките на Министерството за внатрешни работи.

НАДЛЕЖНОСТ
Спречување и откривање на шпионажа, тероризам и други форми на насилни закани по безбедноста.
Следење и анализа на ризиците по националната безбедност.
Размена на информации со партнерски служби од земјата и странство.
Поддршка на институциите во спроведување на политики од областа на безбедноста.
МИСИЈА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
Агенцијата за национална безбедност е самостоен орган на државна управа, основан со цел заштита на националната безбедност на државата, односно заради заштита на независноста, суверенитетот, уставното уредување, основните права и слободи на човекот и граѓанинот загарантирани со Уставот на Република Северна Македонија, како и други работи од интерес на националната безбедност на државата.
Агенцијата своите работи ги врши во согласност со Уставот на Република Северна Македонија, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Северна Македонија.
Агенцијата во вршењето на работите од законски утврдената надлежност постапува независно и без влијание од политичките партии.
ДИРЕКТОР М-Р БОЈАН ХРИСТОВСКИ
Бојан Христовски е третиот директор во Агенцијата за национална безбедност. На позицијата во Агенцијата, која е наследник на претходната безбедносна служба, доаѓа во октомври 2024 година.
Својата кариера во службата, претходно дел од Министерството за внатрешни работи, ја започнува во 2006 година, а на повеќето раководни позиции во истата се наоѓа од 2012 година.
Кус временски период работи надвор од безбедносните служби, во јавниот сектор, но преку академската работа останува посветен на безбедносните ангажмани.
Христовски има завршено постдипломски студии на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во 2019 година со труд на темата поврзана со дерадикализација на странските борци како дел од мерките за борба против тероризмот.
Во текот на скоро дводецениската професионална кариера, Христовски учествува на бројни меѓународни обуки и студиски престои од кои позначајни се оние поврзани со Маршаловиот план и ЕЛЕА програмите.
Христовски е оженет и е татко на две деца.
„Националната безбедност не е само задача на институциите, туку и заедничка одговорност на сите граѓани. Нашата мисија е да обезбедиме стабилност, интегритет и заштита на државните интереси, водејќи се секогаш од принципите на законитост, транспарентност и професионализам. Во време на глобални предизвици, стоиме цврсто посветени на безбедноста на Републиката и благосостојбата на нејзините граѓани.“
БОЈАН ХРИСТОВСКИ – ДИРЕКТОР АНБ
АГЕНЦИЈА ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
Со законот за Агенција за национална безбедност (АНБ) усвоен на 22 мај 2019 година, УБК се укинува и нејзините надлежности преминуваат во новоформираната и независна АНБ. Престанокот на постоењето на УБК и востанувањето на новата и независна АНБ, започнува на 1 септември 2019 година.
ИСТОРИЈА
1944 – Почетоци на службата за национална безбедност
Историските корени на македонската служба за државна безбедност започнуваат како дел од зачетоците на подоцна озлогласената југословенска ОЗНА (Одделение за заштита на народот), како дел од југословенскиот систем на безбедност. Во подоцнежниот период како резултат на повеќе трансформации истата е дел од службата за државна безбедност СДБ/УДБА во југословенскиот период.
1991 – Безбедносна служба во рамките на МВР
По независноста дејствувањето на државната безбедносна служба продолжува во рамките на Министерството за внатрешни работи (МВР).
1995 – Дирекција за безбедност и контраразузнавање
Службата го добива својот реорганизиран формат во тогашната Дирекција за безбеност и контраразузнавање (ДБК).
2000 – Управа за безбедност и контраразузнавање
Со Законот за организација и работа на органите на државната управа, Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање продолжува да работи како Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК).
Директори
До 2019

Од 2019
Транспарентност
Контролни тела
Надзорни тела
Заштитено внатрешно пријавување
Согласно одредбите од Законот за заштита на укажувачи и одредбите од Правилникот за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор, за овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување во Агенцијата за национална безбедност е назначена: Ирена Ненова Ставрева
Телефон: 071/213-063
Email: ukazuvaci@anb.gov.mk
Пристап до информации од слободен карактер
Граѓаните на Република Северна Македонија можат да добијат информации од јавен карактер со пополнување на Барање за пристап до информации од јавен карактер. Барањата можат да се доставуваат до следните службени лица за посредување при остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.







